STRUCTURE OF BODY DEFORMATIES AMONG PERSONS WITH MENTAL RETARDATION
СТРУКТУРА НА ТЕЛЕСНИТЕ ДЕФОРМИТЕТИ КАЈ ЛИЦАТА СО МЕНТАЛНА РЕТАРДАЦИЈАБлагоја ГЕШОСКИФилозофски факултет, Институт за дефектологија – Скопје STRUCTURE OF BODY DEFORMATIES AMONG PERSONS WITH MENTAL RETARDATIONBlagoja GESHOSKIFaculty of Philosophy, Institute of Special Education and Rehabilitation - SkopjeБлагоја Гешоски го одбрани својот магистерски труд на 26.12.2009 година на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј" – Скопје, пред комисија во состав: проф. д-р Ристо Петров, проф. д-р Владимир Трајковски и доц. д-р Наташа Чичевска Јованова. Blagoja Geshoski defended his master's thesis on 26/12/2009 at the Institute for Special Education and Rehabilitation, Faculty of Philosophy, "St. Kiril and Metodij"- Skopje, the committee consisted of: Prof. Dr. Risto Petrov, Prof. Dr. Vladimir Trajkovski and Assist. Prof. Dr. Natasha Chichevska Jovanova. Примено: 15. 01. 2010Прифатено: 13. 02. 2010UDK: 376.1-056.2 Received: 15. 01. 2010Accepted: 13. 02. 2010Abstract from master thesis Резиме Abstract Целта на ова истражување беше проценка нa структурата на телесните деформитети кај лицата со ментална ретaрдација. Познавањето на структурата на телесните деформитети кај лицата со ментална ретардација претставува појдовна основа за изработка на програма за превентивно корективна работа во процесот на специјална едукација и рехабилитација во насока на нивно отстранување или ублажување.Структурата на телесните деформитети кај лицата со ментална ретардација беше анализирана во однос на возраста, степенот на ментална ретардација и во однос на секојдневните животни активности. Со испитувањето беа опфатени 170 испитаници со ментална ретардација од двата пола. Сите испитаници се сместени во установа за третман на лица со тешка и длабока ментална ретардација (Специјалниот завод Демир Капија). Врз основа на два критериуми испитаниците се поделени во групи. Прв критериум за формирање група беше степенот на ментална ретрадација: I група – тешка ментална ретардација (ТМР); и II група – длабока ментална ретардација (ДМР). Втор критериум за формирање група беше возраста на испитаниците: I група – возраст до 18 години; II група – возраст 19–30 години; и III група – над 31 година. Структурата на телесните деформитети беше анализирана во однос на возраста, степенот на ментална ретрдација и во однос на активностите во секојдневниот живот.За потребите на планираното истражување составен е Протокол за проценка на телесните деформитети кај лицата со инвалидност, кој содржи: формулар за општи податоци за испитаниците, прашалник за проценка на соматскиот статус, клинички лист и тест за активностите во секојдневниот живот (Тест АСЖ, Rusk, 1971). Сите податоци добиени со истражувањето се изразени квантитативно и обработени со следните статистички методи и постапки: број на повторувања, фреквенција и проценти, мерка на централна тенденција, аритметичка средина и стандардна девијација, χ2 и Fisher Exact – тест. За статистички значајни разлики беа земени разликите со ниво на значајност од ρ<0,05.Како позначајни резултати можеме да ги издвоиме следните: 33,52% од испитаниците со ментална ретардација кои се институционално сместени имаат нарушен телесен интегритет, ограничена подвижност на горните екстемитети имаат 50% од испитаниците и 52,35% на долните екстремитети. Лошо држење на телото е евидентирано кај 61,17% од испитаниците, а структурални промени на 'рбетниот столб има кај 45,29% од испитаниците. Деформитети на карлицата имаат 20,50% од испитаниците, на зглобот на коленото 6,45%, а деформитети на стапалата кај 41,93% од испитаниците. Исто така резултатите од истражувањето покажуваат дека способноста за вршење функции на локомоторниот систем зависи од индивидуата и социјалната активност на лицето со ментална ретардација. При извршување на активностите во кревет, помош или асистенција од страна на друго лице им е потребна на 47,05% од испитаниците. За извршување на активностите за самозгрижување потребна им е помош или асистенција од страна на друго лице на 54,70% од испитаниците за одржување лична хигиена, за хранење на 45,88% од испитаниците, при облекување/соблекување на 54,11% од испитаниците. Добиените резултати при истражувањето јасно покажуваат дека менталната ретардација ја следат бројни телесни деформитети, кои ги прикриваат способностите во другите подрачја на фунционирање и дополнително ги инвалидизираат овие лица. Како што се зголемува степенот на ментална ретардација, така и телесните деформитети стануваат позначаен проблем при фунционирањето на овие лица. Предлог мерки кои произлегуваат од добиените резултати се следни:потребно е да се продолжи со истражувањата во оваа област;потребно е да се формира централна база на податоци;примена на резултатите од истражувањето во секојдневната пракса (воведување на нови содржини и протокол);усогласување на постоечката легислатива со современите доктрини и концептуални приоди;усогласување на проценката и третманот во специјалната едукација и рехабилитација на лицата со комбинирани оштетувања;избор на програма за специјална едукација и рехабилитација прилагодена на возраста;мултидисциплинарен пристап кон проблемот,едукација на кадри за работа со лица со комбинирана попреченост. The purpose of this research was to assess body structure deformities among people with mental retardation. Knowing the structure of people with mental retardation's physical deformities is the starting basis of a quality program for preventive and corrective work. Also, it is a starting point in the process of special education and rehabilitation in regards to their removal and mitigation.The structure of the physical deformities among persons with mental retardation were analyzed in terms of age and degree of mental retardation in relation to everyday life activities. The inquiry covered 170 respondents with mental retardation in both sexes. All respondents were placed in an institution for treatment of persons with severe and profound mental retardation (Special Institute Deep River). On the basis of two criteria, participants are divided into groups. The first criterion forestablishing a group of level of mental retardation: Group I - severe mental retardation (TMR) and Group II - profound mental retardation (DMR). A second criterion for establishing the age group of respondents: Group I - age 18 years; Group II- Age 19 - 30 years and Group III - over 31 years. The structure of the physical deformities was analyzed in terms of age and degree of mental retardation in relation to activities in everyday life. For the purposes of the planned research , an integral protocol is established for the evaluation of physical deformities among persons with disabilities, including: an application form for general information about the respondents, a questionnaire to assess somatic status, and a clinical sheet and test activities in everyday life (Test ASZH, Rusk, 1971). All data obtained by the research are expressed quantitatively and treated with the following statistical methods and procedures: number of repetitions, frequency and percentages, measure of central tendency, the arithmetic mean and standard deviation, χ2 and Fisher Exact - test. Statistically, significant differences were taken with different levels of significance ρ <0,05. The following significant results may be set aside: 33.52% of respondents with mental retardation who are placed with institutional disturbed physical integrity, limited mobility of the upper limbs have 50% of respondents and 52.35% of the lower limbs. Poor posture of the body was recorded at 61.17% of the respondents, and structural changes of the spinal column is the 45.29% of the respondents. Deformities of the pelvis with 20.50% of the knee joint of 6.45%, and deformities of the feet with 41.93% of the respondents. Also the results of the survey shows that the ability to perform functions of the locomotory system depends on the individual and social activity of the person with mental retardation. In carrying out activities in support bed or assistance by another person in 47.05% of the respondents is needed. For carrying out activities in self-care need the help or assistance by another person for 54.70% of the respondents to maintain personal hygiene, feeding for 45.88% of the respondents, while dressing / undressing for 54.11% of the respondents. Results obtained in the survey clearly show that mental retardation follow numerous physical deformities, which conceal the abilities in other areas of functioning and further invalidate them. As the degree of mental retardation is increased, the physical deformities become a more significant problem in their functioning. Proposed measures arising from the results obtained are as follows:It is necessary to continue research in this area,It is necessary to establish a central databaseApplication of research results into daily practice (introducing new content and protocol)Harmonization of existing legislation with the modern doctrines and conceptual approachesHarmonization of assessment and treatment in special education and rehabilitation of persons with combined damageSelection of a program for special education and rehabilitation tailored to the age,Multidisciplinary approach to the problem,Training of personnel working with persons with combined disabilities. Адреса за кореспонденција: Corresponding Address:Благоја ГЕШОСКИ Blagoja GESHOSKIул "Победа" бр. 517500 Прилеп, Република Македонијаe-mail: gesopp@yahoo.com Street "Pobeda" 51 7500 Prilep, Macedonia e-mail: gesopp@yahoo.com